Да ти раскажам за себе!


Read the text and answer the questions.

Стажант: Здраво, г-не. Се викам Марко, јас сум новиот стажант, денес започнувам со стажирање во вашата компанија.

Менаџер: Здраво Марко, јас сум Антонио, административниот менаџер. Мило ми е што ќе бидеш во мојот тим. Се смести ли?

Стажант: Да, благодарам. Пристигнав пред една недела, имав време да се сместам. Многу се радувам што сум овде.

Менаџер: Пред да започнеме, треба да го пополниме договорот. Може ли да ми ги дадеш адресата и телефонскиот број?

Стажант: Да, секако. Најдов стан во центарот. Живеам на улица Рузвелтова бр. 24, а мојот телефонски број е 076-621-849.

Менаџер: Сфаќам, тоа воопшто не е далеку. Денеска ќе го набљудуваш тимот одговорен за пратки. Дојди со мене, ќе те запознаaм со тимот. Ги донесе ли своите работи со себе?

Стажант: Ги донесов само моите безбедносни чевли.

Менаџер: Во ред, ќе те опремиме со шлем и ракавици. Мораш постојано да го носиш шлемот во магацинот.