Да ти раскажам за себе!


Les teksten og svar på spørsmålene.

Стажантка: Здраво, г-не. Се викам Ана, јас сум новата стажантка и денес започнувам со стажирање во вашата агенција.

Менаџер: Здраво Ана, јас сум Антонио, административниот раководител. Мило ми е што ќе бидеш во мојот тим. Се смести ли?

Стажантка: Да, благодарам. Пристигнав пред една недела, имав време да се сместам. Многу се радувам што сум овде.

Раководител: Пред да започнеме, треба да го пополниме договорот. Може ли да ми ги дадеш адресата и телефонскиот број?

Стажантка: Да, секако. Најдов стан во центарот. Живеам на улица Рузвелтова бр. 24, а мојот телефонски број е 076-621-849.

Раководител: Сфаќам, тоа воопшто не е далеку. Денеска ќе ја запознаеш агенцијата. Дојди со мене, ќе те запознаaм со тимот. Ги донесе ли своите работи со себе?

Стажантка: Го донесов мојот лаптоп.

Раководител: Во ред, ќе ти дадеме беџ, треба постојано да го носиш.