Navigating the ESEP platform in Macedonian
Course details
Преку овој курс што се следи по сопствено темпо, корисниците на European School Education Platform ќе имаат прилика да ги истражат и да се запознаат со функциите и можностите што ги нуди платформата.
Поточно, во овој курс ќе се фокусираме на понудата за професионален развој на European School Education Platform, ќе ги истражиме можностите за признание за училиштата и за наставниците кои учествуваат во активности за вмрежување, ќе се запознаеме со еТвининг и ќе дознаеме како да постигнеме подобар квалитет во проектите на еТвининг.
Курсот и понатаму ќе се ажурира согласно новите функционалности и новитети на платформата.
Времетраење и проценет обем
Почетен датум: отворен крај
Крајна дата: можете да го земете курсот (или кој било дел) со свое темпо
Времетраење: Курс по сопствено темпо
проценет обем : 8-10 часа
Target audience
Едукатори од сите училишни нивоа и предмети, како и останат училиштен кадар (на пр. училишни библиотекари, советници за професионална ориентација, итн.) заинтересирани за истражување на European School Education Platform.
Learning objectives
- Да знаеме како да се движиме низ European School Education Platform;
- Да добиеме увид во понудата за професионален развој;
- Да ги истражиме можностите за признание за училиштата и за наставниците;
- Да најдеме луѓе, организации и училишта со кои може да соработуваме;
- Да се фокусираме на изработка на проекти на еТвининг;
- Да разбереме за што може да се користи TwinSpace, како и неговите функции;
- Да ги истражиме начините на кои може ефективно да се управува со TwinSpace;
- Да дознаеме за Рамката на ознаката за квалитет;
- Да видиме релевантни примери за проектни активности за секој критериум во сите возрасни категории;
- Да истражиме совети и идеи за различните фази од проектот, како и совети за надминување различни предизвици.
This content is offered by the European Commission. The European Commission is the European Union's politically independent executive arm. It is alone responsible for drawing up proposals for new European legislation, and it implements the decisions of the European Parliament and the Council of the European Union.
Schedule
- Модул 1: Истражување на European School Education Platform
- Модул 2: Проекти на еТвининг и TwinSpace
- Модул 3: Постигнување квалитет во проектите на еТвининг
- Завршна оцена